Во сабота голема крводарителска акција во Центарот за култура

Црвен крст Охрид најавува голема крводарителска акција која во соработка со Тамаро маркети ќе се реализира на 16.09.2017 г. (сабота) од 10:00 до 15:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид.

Со цел да се соберат што повеќе крвни единици за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид ги покануваме нашите хумани сограѓани да бидат дел од оваа крводарителска акција и заедно со вработените во маркетите Тамаро ја даруваат драгоцената течност. Учесниците на оваа крводарителска акција ќе имаат можност да уживаат во бројни креативни содржини и вкусат специфични производи подготвени од партнерот на оваа крводарителска акција Тамаро маркети. Предвидена е и наградна игра со извлекување на награди за најсреќните крводарители.