Кривични пријави за двајца штипјани осомничени за тешки кражби

Секторот за внатрешни работи-Штип поднесе три кривични против С.Д.(25) и Е.Ј.(26) двајцата од Штип поради постоење основи на сомнение дека се сторители на 13 кривични дела – „тешка кражба“.

Имено пријавените во временскиот период од 06.03 до 15.07. оваа година на подрачјето на Штип со намера да се стекнат со противправна имотна корист извршиле осум кривични дела при што со употреба на сила и погоден алат, насилно отварале врати и прозорци и влегувале во продавници за автоделови, градежна фирма, магацин, отпад за секундарна суровина, автосалон, винарија и текстилна фабрика и притоа одзеле разновидни предмети: акумулатори, автомобилски гуми, машинско масло, 90 метри гумен кабел, 20 метри бакарен кабел, електромотор, алуминиумски радијатори, репроматеријали, делови од возила. Покрај ова пријавените во периодот од 11.07. до 15.08. годинава извршиле уште пет кривични дела – “тешка кражба“ (од ЈП“Исар“ во Штип, потоа од ливница и продавница во село Карбинци) при што одзеле 132 водомери, четири акумулатори, 30 кг. алуминиумски и хидроулични репроматеријали, шест килограми алуминиумски материјал и разни видови цигари со што причиниле вкупна материјална штета од 934.485 денари.

Инаку двајцата осомничени минуваат во крим евиденциите на СВР-Штип и до сега им се поднесени вкупно 16 кривични пријави за сторени 36 кривични дела од областа на имотните деликти.