Во срдечна и пријателска атмосфера, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски го прими амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Шчербак.
За време на средбата се разговараше за културната соработка помеѓу двете земји, која беше оценета како многу добра. Амбасадорот Шчербак изрази поддршка за работата на новата Влада во првите сто дена, посакувајќи понатамошна успешна соработка. Министерот Алаѓозовски се заблагодари на поддршката и ја истакна подготвеноста на Македонија за понатамошно интензивирање и продлабочување на културните и духовните врски помеѓу двете земји.
На средбата се разговараше за претстојните Денови на руската култура во Македонија што ќе се одржат на крајот на месец октомври годинава, за чие одржување Министерството за култура ќе обезбеди поддршка. Воедно, стана збор и за плановите за одржување на денови на македонската култура во Русија следната година.