Во Кавадарци денес ќе ечи рокенрол со поддршка од „Новиот културен бран“

Денес (петок, 15 септември 2017) во Паркот на револуцијата Кавадарци (полициско паркче) ќе се одржи Манифестацијата “Кога Кавадарци свиреше Rock’N’Roll“ (25 години од првиот Тиквеш Рок Фест)“.

Манифестацијата е во организација на Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци, а се реализира со подршка на Министерството за култура на Република Македонија во рамките на Манифестацијата “Нов културен бран 2017“.