Вчера околу 22:00 часот во атарот на село Калишта-струшко на околу 300 метри од брегот во Охридското Езеро полициски службеници од Полициската станица Струга во содејство со РЦ Запад-Полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“ во пловен објект (глисер) врзан за бова пронашле опојна дрога марихуана.
Се работи за бел мал чамец во должина од околу 4 до 4,5 метри со мотор без капак каде што при преглед биле пронајдени две црни торби со по 14 паковки тревкаста материја или вкупно 28 паковки со вкупна тежина од околу 30 килограми со опојна дрога марихуана.
Од страна на полициски службеници дрогата е подигната од местото на настанот и е пренесена во Полициската станица Струга за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.