Привршуваат уписите за есенскиот циклус за „Час за приказни на англиски јазик“

Привршуваат уписите за есенскиот циклус од едукативната програма на Црвен крст Охрид, „Час за приказни на англиски јазик“ за деца на возраст од 4-7 години.

Програмата започнува со реализација во четврток (21.09.2017), а новините кои ќе се воведат во овој циклус и ќе бидат наменети за децата, но и за родителите, ќе бидат презентирани на утрешната прес-средба.