Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21 Септември е прогласен за Ден на светскиот мир.
Резолуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН, редовно и секоја година, Денот на мирот да се одбележува со соодветни програми.
Во организација на Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Охрид, на 21 Септември 2017 година (четврток) овој историски ден ќе се одбележи со Марш на Мирот под мотото „Заедно за мир-почитување, безбедност и достоинство за сите“, во нашиот град-Охрид. Маршот ќе се одвива по „Кеј Македонија“ до крајната дестинација-плоштадот, т.е. пред споменикот „Св.Климент Охридски“.
Манифестацијата ќе се изведе по следната:
П Р О Г Р А М А
Собирно место на учесниците во Мировниот марш ќе биде во кругот на Организацијата (стара дирекција на „Гранит“), во 11:00 часот на 21 септември 2017 година (четврток).
Централно место на прославата ќе бидена плоштадот Св.Климент Охридски.
- Положување свежо цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк.
- Химна на Република Македонија.
- Се чита пораката на Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш.
- Обраќање на претставник на локалната самоуправа на општина Охрид.
- Обраќање на претставник на СБ од Охрид и Дебрца.
- Културно-уметничка програма.
Се повикуваат покрај борците и граѓаните продолжувачи, масовно учество да земат претставниците на АРМ, пензионерите, учениците, студентите, претставниците на Политичките партии, Невладините организации и Здруженија на граѓани.