Кривична пријава за охриѓанец поради затајување

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Р.П.(58) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “затајување“.

Пријавениот на 10.08.2017 година од трансакционата сметка на Сојуз на спортови – Охрид, со која што бил задолжен од страна на Управниот одбор на сојузот, неовластено подигнал и присвоил 24.000 денари, со што го оштетил Сојузот на спортови –Охрид за истиот износ.