Се чистеше Езерското дно

Нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид, денеска, спроведе акција за чистење на дното на Охридското езеро“ кај старото пристаниште. Акцијата е поддржана и целосно е финансирана од страна на општина Охрид во рамки на програмата за финансирање на проекти од општинско корисна работа.

Од дното беше изваден најразличен отпад, како автомобилски гуми, пластични шишиња најлонски кеси и друг цврст отпад. Од клубот информираа дека најмногу отпад има на крајбрежните делови, а додека во подлабоките делови состојбата е подобра.

Акцијата за чистење на езерското дно редовно се спроведува во изминатите 20 години.