Промоција на кандидатот за градоначалник од СДСМ за Дебрца Зоран Ногачески во Мешеишта

Вечерва во преполната сала од Домот на културата во Мешеишта, своја промоција имаше кандидатот за градоначалник на општина Дебрца од коалицијата „За Живот во Македонија”, Зоран Ногачески односно кандидатите за Совет во општината.

Пред присутните прв свое обраќање имаше поранешниот пратеник во Собранието на Р.Македонија, Митре Велјаноски во својот инспиративен говор нагласи дека сега е клучната битка повторно да се врати животот во општина Дебрца.

„Новата влада предводена од премиерот Зоран Заев, успеа во 100 дена, да направи многу повеќе одошто ВМРО-ДПМНЕ, изминативе 11 години. Се решија клучните работи. Се донесе минималната плата, конечно се решија проблемите на стечајците. Нешто што Никола Груевски не можеше да ги реши цели 11 години“. – рече Велјаноски.

Кандидатот за Градоначалник Зоран Ногачески, поздравен со бурни овации од преполната сала, се обрати пред присутните:

„Ја познавам душата на селото. Ги познавам секојдневните маки и проблеми на граѓаните, бидејќи тоа се и мои маки и проблеми. 21 година како вработен во локалната самоуправа, активно учествувам во решавање на овие проблеми.. Дебрца наш Дом, ама не ваков каков што е денес. Каква е таа Дебрца во која младите заминуваат, а селата се празнат, со села кои во 21 век немаат здрава и чиста вода за пиење, села со септички јами, со калливи улици, неисчистени патишта, без аптека, депонии на секој чекор, се поголем број на граѓани и семејства кои живеат под прагот на сиромаштија или се наоѓаат во положба на социјален ризик, земјоделци кои мака мачат како да го продадат она што го произвеле и едвај врзуваат крај со крај, нефункционални месни заедници, маргинална улога на младите и руралната жена, Затворена и заробена општина, задолжена општина. Каква е таа Дебрца без Слатинското Езеро? Дебрца заслужува подобро!

Токму затоа, наши приоритети ќе бидат следните:

Градиме инфраструктура за сите, Дебрца да биде чиста животна средина!

Стоп за регионална депонија во Дебрца. Дебрца е светилиште, а не ѓубралник!

Локален економски развој, повеќе пари кај граѓаните, можности за сите. Општина на социјална сигурност – повеќе пари за социјални трансфери. Квалитетно образование за сите. Квалитетни и одржливи комунални услуги. Младите во фокусот на локалните политики. Транспарентна, отчетна, услужна, правична, отворена – општина за сите граѓани.“ – истакна Ногачески.

Свое обраќање имаше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Донесеме нов закон за повисока минимална плата од 12 000 денари, закон за стечајни работници, укинување на екстерното тестирање, враќањето на ефтината тарифа и дека повеќе нема да плаќаат радиодифузна такса. Овие избори одлучуваме, дали Македонија продолжува да се развива и реформира во просперитетна и среќна земја со многу пријатели или повторно ќе биде сиромашна, изолирана и поделена, дилема не треба да има. Јас знам одиме напред, носиме живот во сите општини во Македонија.“ – изјави Спасовски.