Отворена Канцеларија за граѓани на кандидатот за градоначалник Митко Тилевски

Пред голем број граѓани во еуфорична атмосфера синоќа свечено се отвори Канцеларијата за граѓаните на Д-р Митко Тилевски.

„Д-р Митко Тилевски, човек од народот и за народот, секогаш меѓу граѓаните. Oстануваме отворени со народот и охриѓани, ние ја имаме одговорноста да ги слушнеме и да најдеме одговор и решенија за нив. Како што го посетуваме секое мало, секоја улица и куќа и им објаснуваме така со оваа Канцеларија секогаш сме на првата линија во комуникацијата со граѓаните. Секој ден од 10 до 21 часот секој еден граѓанин може да се обрати со свои идеи, предлози, проблеми, пофалби, критики односно за с`е она што му е потребно. Нашите одлуки се одговор на барањата на граѓаните. Така ќе ги јакнеме и демократските капацитети на Охрид. Нека биде со среќа!  Додека нашите противници уверуваат дека зборот бил збор, ние велиме дела, а не зборови. Граѓаните тоа ќе го препознаат, ќе ја видат таа нескршлива волја да се создава и да се помага. Затоа на 15 октомври – победа уште во првиот круг, за нова ера за Охрид!“– велат од партијата.