Трајкоски: Нашата цел отсекогаш била подобрување на животниот стандард на жителите на Општина Дебрца

Кандидатот за градоначалник за Општина Дебрца, Игор Трајкоски денес одржа прес-конференција пред фудбалското игралиште за голем фудбал во Волино. На прес средбата беа презентирани досега реализираните проекти од областа на спортот, како и проектите од новата програма кои ќе бидат реализирани во новиот мандат од областа на спортот.

„Нашата цел отсекогаш била подобрување на животниот стандард на жителите на Општина Дебрца. Со таква мисла и со такви планови ја започнавме и оваа кампања. Можеме денес да се пофалиме со многу, но исто така знаеме дека не чека макортпна работа за уште подобри услови во Општина Дебрца. Но за да ги согледаме нашите резултати секогаш е добар методот компарација преку кој се доаѓа до вистината. А вистината е една и единствена и таа говори дека пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и јас како Градоначаник во Општината владееше Медиумски мрак, имаше лоша инфраструктура и услови во секој сегмент кои беа вонстандардите на една модерна општина. Но денес гордо можеме да се пофалиме дека Дебрца е една од најпрепознатливите општини која е опишана во голем број медиумски прилози. Општина во која доаѓаат на посета видни гости, амбасадори од најголемите светски сили. Може слободно да се каже дека Денес Дебрца чекори кон новите стандарди кои се воведуваат во сите области.“- истакна Трајкоски.

Како што кажа тој, негова работа во идните четири години е токму воведувањето на таквите стандарди да ги воведе насекаде.

Трајкоски ги презентираше и проектите од областа на спортот. Тој потсети на изминативе четири години на. реализираните проекти во областа на спортот: Реконструирани и осветлениполигоните за мали спортови во селата Ботун и Волино:, Изграден полигонзамалиспортовивоселотоГоренци,  Реконструирано фудбалско игралиште за голем фудбал во село Злести, Реконструирано на фудбалско игралиште за голем фудбал во село Белчишта, Реконструкција на фудбалско игралиште за голем фудбал во село Волино, Изградено Игралиште за мали спортови во село Оровник, Изградена Балон сала во село Требеништа, Континуирана подршка на спортските клубови и турнирите во мал фудбал и многу други реализирани проекти.

Трајкоски ги презентираше проектите од новата Програма од областа на спортот, кој  што како што рече е од витално значење и има особено значајно место во секојдневното функционирање и живеењето на младите.

„Ќе презентирам некои од нив:
-Проект: Реконструкцијанафудбалско игралиште за голем фудбал во село Лешани
-Проект: Реконструкција на фудбалско игралиште за голем фудбал во село Мешеишта
-Проект: Реконструкција, изградба на полигони за мал фудбал во селата Лешани и Злести.
-Проект: Трансвери и Подршка за спорски Клубови во Општина Дебрца
-Проект: Трансвери и Подршка за Организирање на Турнир и во мал фудбал и други проекти кои ќе се разлизираат со новата програма. 

Почитувани, меѓусебната доверба и вистинската макотрпна работа која се однесува на општината Дебрца отсекогаш била приоритет. Тоа ќе мора и да продолжи понатаму, но со обострана доверба и поддршка. Затоа Ве повикувам да ја потврдиме нашата меѓусебна поддршка и соработка, да го заокружите бројот 13 и советничката листа на ВМРО ДПМНЕ. Тоа е единствениот вистински пат за Дебрца да биде исполнета со уште поголем број на реализирани проекти.“– додаде Трајкоски.

WebOhrid