Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Франција

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Франција во Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоније.

Министерот Спасовски и амбасадорот Тимоније се согласија дека соработката меѓу полициите на двете држави е на високо ниво и разговараа за можностите таа соработка уште повеќе да се интензивира, пред се во справувањето со глобалните предизвици како што се борбата со тероризмот и насилниот радикализам и проблемот со мигрантите, затоа што само со соработка меѓу државите е можно справување со овие предизвици.

Министерот Спасовски и амбасадорот Тимоние разговараа и за проектите за обука на припадници на македонската полиција што во соработка со француската полиција треба да се реализираат во наредните неколку месеци.