ВМРО-ДПМНЕ: СДС е соочен со пораз на изборите и губи контрола во лагите со кои ги манипулира охриѓани

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати реакција до медиумите во врска со прес-конференцијата на СДСМ, односно кандидатот за советник Мишел Силјаноски. Во реакцијата стои: 

„СДС е соочен со пораз на изборите и губи контрола во лагите со кои ги манипулира охриѓани. Јован Стојаноски е во паника бидејќи знае дека охриѓани нема да дозволат да бидат потценети и понижени на 15 октомври. Затоа не запира со лажните ветувања. Тој нема нити програма нити конкретни проекти како да го подобри животот на охриѓани. Нема ниту еден реален и издржан проект. Затоа го применува принципот на неговите ментори Тунтев и Заев, кажи лага и надевај се дека ќе ти помине.

Времето на празни политички памфлети  кои ги презентираше СДС во минатото и со кои предизборно ги лажеше граѓаните, одамна заврши.“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.