Кандидатот за градоначалник Зоран Ногачески и носителот на листата за Совет во Општина Дебрца Игор Крцоски, изминативе неколку дена активно го посетуваат секој дом ширум територијата на општина Дебрца, со цел да им ја презентираат програмата за развој на општина Дебрца.
„Ги посетуваме секој дом, секоја куќа секое семејство во Општина Дебрца сакајќи да им ја претставиме мојата програма и програмата на мојата политичка партија – „За Живот во Дебрца“,“ – изјави Ногачески и потсети дека кампањата „Врата до врата“ е носечката активност на „Коалицијата за Живот во Македонија“ предводен од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и негова како кандидат за градоначалник за Општина Дебрца.
Според него, имале позитивен одговор и одличен прием од страна на граѓаните, коментари за поддршка на неговата Изборна програма, како и сугестии, рече Ногачески, кои ќе бидат земени предвид при работењето во следниот четиригодишен мандат на неговата администрација во Дебрца.
Ногачески најави дека ќе продолжи со посети на домовите на дебрчани со позитивната кампања и пристап, барајќи ја поддршката од граѓаните за подобра иднина на нашите граѓани и на нашата земја.