Денес во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на сите македонски светители“. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.
Богослужба ќе има само во црквата „Св.Софија“ – Охрид (едноцрквие).