Кривична пријава за охриѓанец кој физички нападнал полициски службеник

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против ШР. (39) од Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил на осми овој месец во 20 часот и 45 минути во неговиот дом на улицата „Бистрица“ во Охрид. Тука, униформиран полициски службеник преземал службени дејствија откако претходно, членови од семејството на сега пријавениот, пријавиле казнено дело „семејно насилство“.

Во момент на активна работа за решавање на пријавеното казнено дело, Ш.Р. физички го нападнал полицискиот службеник нанесувајќи му повреди и набиеници по целото тело. Набрзо, униформираниот полициски службеник успаел да го доведе во послушност напаѓачот и да го приведе во полициска станица по што побарал лекарска помош во Општата болница во Охрид.