Во врска со прес-конференцијата на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Тилевски, реакција испрати ОО СДСМ Охрид, во која стои:
„Уште во 2015та ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека градскиот кеј ќе добие реконструкција и дека истиот ќе биде привлечно место за прошетка за охриѓани, но и на бројните гости од земјава и странство.
Како што сеуште можеме да видиме градскиот кеј е сеуште со старото руво, нереконструиран и со значителни оштетувања. Откако ги излажаа граѓаните дека ќе го реконструираат охридскиот кеј сега излегоа со ново ветување дека ќе изграделе современо уреден кеј.
Играта на зборови е уште една алатка во предизборието на ДПМНЕ.
Современо уредениот кеј е уште едно од Вашите многубројни неисполнети ветувања за кои ќе бидеме сведоци во периодот што следи.
Граѓаните овој пат знаат на кого да му веруваат. Со заеднички труд, заедничка работа и заеднички вложувања ќе го вратиме Охрид во вистинскиот сјај како што му доликува да биде.
Заедно со граѓаните можеме, знаеме и заедно ќе успееме Охрид да го направиме попристојно место за живеење. Живот за сите во Охрид.“ – стои во реакцијата од ОО СДСМ Охрид.