Тилевски: Градскиот Кеј ќе биде нов лик на градот, модерно шеталиште

Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Тилевски денес одржа прес-конференција, на која го најави новиот проект „Изградба на Кеј“.

„Нашиот долг и наша обврска е да продолжиме Охрид да го градиме и да биде уште попозната туристичка дестинација. Целта ќе биде забрзан развој на инфраструктурниот и туристичкиот сектор. Градскиот кеј како најрепрезентативно и најпосакувано место во градот, во моментов се наоѓа во лоша состојба и со сериозно нарушена статика.“– изјави Тилевски.

Како што кажа Тилевски, проектот опфаќа реконструкција, санација и уредување на Градскиот кеј, да се изврши замена на бехатон плочките, да се отстрани и да се постави нова инсталација, ново осветлување, нови клупи со што целиот Кеј ќе добие комплетно нов лик. 

„Градскиот Кеј ќе биде нов лик на градот, модерно шеталиште во кое охриѓани и гостите ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време. Заедно можеме да го направиме нашиот Охрид уште по препознатливо место и туристичка дестинација. Секогаш охриѓани, секогаш работа, секогаш Охрид! Имам визија За Охрид, имам тим околу мене со полн капацитет, и затоа нека бројот 13 биде единствениот избор за вистинскиот сјај на Охрид!“– додаде Тилевски.

WebOhrid