Домашниот буџет на секој охриѓанец е оптоварен со големи трошоци за електрична енергија за загревање на своите домови. Ние ќе ставиме крај на тоа бидејќи планираме гасификација на Охрид, рече на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Томислав Тунтев.
„Со гасификацијата на Охрид, придонесуваме за намалување на огромните сметки за електрична енергија, со што секој граѓанин заштедува значителни средства во семејниот буџет. За здрава животна околина, пониски трошоци и економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Охрид. Гасификацијата на Охрид значи и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух кој секојднебно го дишиме.“- рече Тунтев.