ОО СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Охридската јавност е добро запознаена со манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај многуте ветени, а неостварени проекти во изминативе години можеме само да им сугерираме, кога ветуваат барем нека покажат елементарно познавање на работите. Плоштадот кај Чинарот не се вика плоштад „Крушевска Република“. Имено, плоштадот во 1993 година со одлука на Советот на општина Охрид е преименуван во плоштад „Чинар“. ( Службен гласник на општина Охрид бр. 6 од 1993 година).
Доколку бевте сериозни во намерите да ги остварите ваквите проекти, ќе покажевте поголема сериозност кон граѓаните на Охрид. Но, Охрид овој пат има избор. Со добра и посветена работа ќе има живот за сите во Охрид.“ – стои во соопштението од ОО СДСМ Охрид.