Денес, со историски час во Самуиловата тврдина се одбележаа 1003 години од смртта на Цар Самуил.
Пред осмооделенците од охридските основни училишта, историскиот час го одржа професорот Никола Цивкоски, а на свеченоста присуствуваа и фолклорните ансамбли од Македонија, Хрватска и Србија, кои учествуваат на фестивалот што се организира под името Цар Самуил.