Одржан годинешниот општински натпревар „Млади библиотекари“

Од НУ – Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид информираат дека на 29.09.2017 година во просториите на Библиотеката се одржа годинешниот општински натпревар „Млади библиотекари“.

На натпреварот учествуваа 18 ученици од 6 основни училишта од Охрид и околината од кои најдобар успех покажа Елена Лангоска, ученик од VIII одделение од ОУ „Ванчо Николески“ од с.Лескоец под менторство на библиотекарот Ана Пупиноска Стојкоска. Победничката од натпреварот ќе учествува на Републичкиот натпревар кој ќе се одржи на 03.11.2017 година.