Младост, гордост, хуманост, убавина беа најпрепознатливи обележја на синоќешното ПХВ ШОУ на волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид кое во организација на Црвен крст Охрид се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Својата хумана активност реализирана во рамки на овогодинешната програма Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА), при која изработија 8 проекти со кои помогнаа на 100 наши сограѓани од ранливите категории, преку 30 младинци на Црвен крст Охрид, вчера на многу креативен и едукативен начин ја прикажаа пред бројната охридска публика со испраќање на јасна и силна порака за солидарност, хуманост, толеранција и почитување на различностите, но и благодарност за сите општествено одговорни фирми, институции, поединци кои ја помогнаа реализацијата на ПХВ програмата 2017.
На оваа манофестација беа доделени и наградите на авторите на трите најдобри раскази и фотографии пријавени на јавниот конкурс за најдобар расказ и фотографија на тема „Препознавање на различностите“.
Со овој настан заврши одбележувањето на Неделата на промоција на хумани вредности.