Доделени признанија „Просветен работник на годината“ за учебната 2016/17

Сојузот на просветни работници на Македонија, по повод Светскиот ден на учителот 5 Октомври, вчера на свечената академија во Велес додели признанија „Просветен работник на годината“ за учебната 2016/17 година.

Меѓу добитниците на признанија беше и Муамер Доко, професор по физика и математика и директор во ОУ „Братство-Единство“ Охрид, за постигнати врвни резултати во остварувањето на целите и задачите во воспитнообразовната дејност.

Оваа година, темата по повод Светскиот ден на учителот беше „Учење во слобода, зајкнување на наставниците“ со посебен акцент на знаењата и вештините и надлежностите на наставниот кадар во високообразовните институции.

WebOhrid