ОО СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Трајкоски четири години по ред милуваше на новогодишните календари, скапо платени со народни пари да става лични фотографии и во стилот на “народен водач и татко на општината ги прославувашe новите работни успеси за доброто на граѓаните”.
И не само тоа, милуваше да се појавува и на сите рекламни билборди, каде се промовира општината.
Ако Трајкоски не знае, да го потсетиме дека ваквата забеганост, невкус и демагогија беа карактеристични за едно минато време.
Соцреализмот и култот на личноста како негова најбитна карактеристика.
За среќа, на ваквата забеганост и доаѓа крајот.
На 15 Октомври граѓаните на Дебрца ќе стават крај на ваквото забегано и самобендисано практикување на локалната власт и ќе си ја вратат општината.
Дебрца да биде Дом на сите граѓани.“ – стои во соопштението од ОО СДСМ Дебрца.