Вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев” со премиерна проекција на филмот „Чик” на познатиот германски режисер Фатих Акин, започна фестивалот на новиот германски филм. Покрај овој филм, љубителите на Европскиот филм, во наредните неколку дена ќе можат да погледнат уште пет наслови од најдобрите германски филмови од минатата и оваа година.
Вечерва ќе се прикажува трагикомедијата „Тони Ердман” кој е германски кандидат за Оскар во категоријата “филм од неанглиско говорно подрачје”. Режијата е на Марен Аде, а играат актерите Сандра Хилер, Петер Симонишек, Михаел Витенборн. Почеток 20:00 часот.
Покрај овој филм, љубителите на седмата уметност ќе може да ги гледаат и следните филмови:
„Авантурите на Нели” – детски филм во режија на Доминик Весели, добитник на германската филмска музичка награда 2017, во понеделник во 13.00 часот.
„Херберт” – драма на Томас Штубер, понеделник 20.00 часот
„На иста висина” – филм за деца и младинци, од Јоаким Долхопф, добитник за најдобар германски филм за деца 2017, вторник 13.00 часот
„24 недели” – драма на Ане Зохра Берахед, со Јулија Јенч и Бјарне Медел во главните улоги, сребрена награда во категоријата „Најдобар германски филм 2017″. Вторник 20.00 часот
Сите проекции се бесплатни.