„Импровокација“ во сабота пред охриѓани

Импровокација S03E02, или кај народот позната како октомвриска импровокација, оваа сабота во прајм тајмот на изборниот молк.

20:00 часот во добро познатиот керал на Народниот Театар во Охрид.

Учествуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, подпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Ангеличин – Жура.

Картите можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ по цена од 150 денари преку цела недела и 200 денари на денот на шоуто, или да се резервираат на телефонскиот број 075 283 066 (11.00 – 15.00 часот)