Првачињата од ОУ „Живко Чинго“ станаа членови на Детската организација

Денес во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти во организација на Детската организација од училиштето, се одржа свечена приредба со пригодна програма, во која настапија учениците од прво до петто одделение. Преку разни точки за рецитирање и пеење песни, со оваа програма се одбележаа Денот на учителот (5ти октомври), како и Денот на народното востание на Република Македонија (11 октомври).

Во рамки на оваа програма се одбележа и Детската недела која траеше од 1ви до 7ми октомври. Во рамки на приредбата се направи прием на првачињата во Детската организација на училиштето, кои свечено дадоа заклетва дека ќе бидат вредни, ќе учат, ќе се трудат да напредуваат и да бидат добри граѓани на нашето општество.

WebOhrid