ВМРО-ДПМНЕ: СДС е изгубена и единствено што знае е да копира туѓи проекти и со нив да се фали!

Во врска со прес-конференцијата на Бесим Демиров, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во која стои:

„СДС е изгубена и почна да ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ кои претходно ги критикуваше. СДС единствено што знае е да копира туѓи проекти и со нив да се фали. Продолжувале со нив, па засрамете се!

Очигледно нивниот кандидат за советник сè уште мисли и по превртувањето на неговата страна дека зборува за ВМРО-ДПМНЕ. Жителите на УЗ Воска и Далјан многу добро паметат што сè е направено за да можат да ви ги препознаат лагите.

Погледајте уште еднаш СДС ако не, слободно нека Ве прошета уште еднаш кандидатот-сончоглед за да ги видете:

-Кружниот тек на пресекот на улицата „Бистрица“ и булеварот „Туристичка“.

-По неколку децении целосно се реконструирани улиците, „Сатеска“, „Мичо Гилиќ“, „Сатеска“ и „Трајче Трајчески“, сите со нова атмосферска канализација во Далјан. Претходно овие улици беа во лоша состојба, со пропаднат асфалт на кој имаше прекопи и дупки. Поради непостоење на атмосферска канализација при врнежи од дожд се поплавуваа не само улиците туку и околните куќи.

За првпат изграден е нов систем за собирање и одведување атмосферски води со колектор и испусна градба

-Нови автобуски постројки и современо јавно осветлување на цела територија Воска-Далјан

-Санација на ударни дупки на улиците „Сатеска“, „Васил Стевоски“ , „Аџи Мустафа“, „Гоце Делчев“, „Бистрица“, „Никола Петров- Русински“

-Партерно уредени тротоарите, изведба на водоводна линија и фекална канализација на улиците „Сатеска“, „Аџи Мустафа“ и „Бистрица“

-Саниран мостот кај Далјан и две пешачки патеки и уредено коритото на реката Грашница

-Спортско игралиште во Лескајца

-Реконструкција на водоводната линија крак 1, 2, 3, 4 и 5 на улицата „Крум Точко“

-Атмосферска канализација на улицата „Крум Точко“ и уште многу други проекти…

Граѓаните ги гледаат овие промени што беа направени за време на владеењто на ВМРО-ДПМНЕ и знаат за вашите манипулации. Од вашето време само ги присетуваат негатоивни спомени што никогаш да не се повторат повеќе.

Лагите на СДС и нивното неспособно работење ќе биде казнето од граѓаните и на 15-ти октомври ќе започне Новата ера во Македонија.“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.