Чувствувам голема одговорност но и силна мотивираност бидејќи со добиената доверба за носител на советничката листа голема е честа да ги реализирам своите идеи за доброто на партијата, граѓаните на Охрид. Довербата е поттик и можност заеднички да работиме потпирајќи се на принципите на чесност, посветеност и одговорност. Советничката листа е тим советници докажани во својата фела, полни со знаење, ентузијазам и со вистинска љубов кон Охрид и охриѓани. Ова го истакна на денешната завршна прес-конференција, носителот на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.
„Благодарам на сите оние кои ја препознавате нашата коректност, нештедливост, решителност, ангажираност во остварување на програмите и целите за Охрид и охриѓани. Бевме со народот и меѓу народот. Пружаме рака на секој граѓанин. Сите сме една целост, едно заедништво, една душа. Секое катче, секоја улица, секој праг е Охрид. Отваривме непосредни средби со сите граѓани. Водевме исклучително позитивна, слободна, фер и достоинствена кампања. Токму затоа граѓаните можат да бидат сигурни дека новите проекти што ги нудиме со новата изборна програма, ќе се реализираат во периодот од наредните четири години. Продолжуваме посветено и неуморно како и досега, продолжуваме да работиме за подобар живот за сите граѓани на Охрид. Тие што вистински го сакаат својот град, работат за него, го сакаат со дела.“– рече Пецаков.
Пецаков ги повика сите граѓани на Охрид, да излезат на гласање и да гласаат за советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и за кандидатот за градоначалник Митко Тилевски.
„Сакам да Ве повикам сите граѓани од секој дел на градот, Македонци, Турци, Срби, Бошњаци, Албанци, Роми, Египќани, Власи и сите останати кои сакаат да бидат дел од прогресивните идеи, да пристапите кон нашиот тим и заедно да дејствуваме во насока на подобрување и унапредување на општественото живеење во Охрид. Новиот совет со нашето мнозинство ќе работи во полза на граѓаните, чесно, одговорно, исполнително и професионално за што ќе дава Отчет. Искрени, природни и добронамерни со граѓаните. Ве повикувам да излеземе масовно на гласање, недела на 15 октомври и да ја оствариме долгоочекуваната сигурна победа уште во првиот круг! Да продолжиме да чекориме по патот на успехот, тоа е влогот на нашата генерација што мора да го исполниме со мудрост, со чесност и со работа. Ќе работиме, ќе успееме и ќе победиме! Со кренати глави кон иднината! Со сила и чест, борба и стремеж! Главата горе горди охриѓани, ова е вашиот и нашиот град. Вие одлучувате! Охрид мора да продолжи да го задржи својот сјај. Охриѓани знаете што е вашата цел, знаете каде одите и во што верувате. Јас сум убеден и знам дека не сакате да бидете заглавени во нечиј лавиринт на безидејност и наметнати проблеми. Заедно пак по вистинскиот пат дојдете сите по нас! Наш сон, наша надеж – наша иднина! Уште еднаш Ве повикувам да дадеме поддршка, заокружето го бројот 13, 13 за напредок и прогрес, 13 за Д-р Митко Тилевски и за Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, докажувајќи дека сме за продолжување на напредокот, принципите и вредностите и сакаме Охрид да продолжи кон посветла и посреќна иднина.“- додаде Пецаков.
WebOhrid