Свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот Иванов

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.

На церемонијата, присуствуваа ученици од ОУ „Димитар Миладинов” и ОУ „Кирил Пејчиноивиќ” од Скопје, ученици од ОУ “Кире Гаврилоски-Јане” и Гимназијата „Мирче Ацев ” од Прилеп, како и деца од ЈУДГ „ 25 Мај”, објект „Сонце” од општина Гази Баба и од градинката „Лилипут Дворче – Скопје”.

Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.

Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.