Започна едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција“

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа за 2017 година, денеска отпочна со реализација на едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција“.

Едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција“ започна денеска во 10 часот во ОУ „Григор Прличев“ каде, на средбата со учениците од трето одделение присуствува претставници од ОСБСП Охрид и униформиран полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид, кои помогне во практичната реализација на кампањата и низ разговор со учениците, ги запознаа со основните сообраќајни правила и прописи.Кампањата, ќе се реализира во текот на овој месец во соработка со Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот заедно со учениците од трето одделение при основните училишта во Охрид. Предвидено е, претставници на ОСБСП, да ги посетат основните училишта и на третоодделенците да им поделат сообраќајно-едукативна брошура „Сообраќајна лектира“, во која, илустративно се поместени неколку основни правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот.Целта на оваа сообраќајно-воспитна манифестација е едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај најмладите, запознавање со сообраќајните правила и прописи и нивно максимално почитување со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот.