Кандидатот за градоначалник на Дебрца од СДСМ, Ногачески го оствари своето право на глас

Кандидатот за градоначалник на општина Дебрца од СДСМ и колацијата, Зоран Ногачески денес го оствари своето право на глас. Ногачески гласаше во Волино, на избирачкото место 1346.

„Изборите се најдемократскиот чин во секоја слободна и демократска држава. Денес гласаме за тоа во каква општина Дебрца сакаме да живееме. Јас гласав на избирачкото место 1346 Волино и го оставарив моето избирачко право. Гласајте и Вие! Нека победи демократијата, нека победат граѓаните на Дебрца!“- напиша Ногачески на својот фб профил.

WebOhrid