Македонската репрезентација забележа нов скок на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа, Македонија се наоѓа на 85 место, благодарение на нерешениот исход 1:1 против Италија во гости, како и победата од 4:0 против Лихтенштајн на домашен терен.
Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде останува водечката тројка Германија, Бразил и Португалија.
Најголем скок од +22 места изминатиот месец забележа репрезентацијата на Туркменистан која се искачи на 114 место. Најголем пад од -25 места забележа репрезентацијата на Еквадор која се најде на 60 место.
WebOhrid