АВ Охрид претрпе пораз од Ловќен во АБА 2 лигата

Екипата на АВ Охрид го одигра вториот натпревар во АБА 2 лигата, при што го забележа и вториот пораз оваа сезона.

Охриѓани гостуваа против тимот на Ловќен 1947 Цетиње. Домаќинот беше супериорен во текот на целиот натпревар, првата четвртина ја доби со 24-17, втората со 23-20, третата со 24-17 и четвртата со 23-18, за вкупен резултат од 94-72.

„Можам да бидам задоволен со резултатот. Ова е прва победа, но не премногу добра, поради екипата од Охрид која цело време играше зонска одбрана што не ни даде шанса да се разиграме. Убеден сум дека ова може многу подобро, одиме кон нови мечеви и се подготвуваме за понатаму. Ова е архивирана победа и се надевам дека ќе играме многу подобро на наредните натпревари.“ – изјави Драган Радовиќ, тренер на Ловќен 1947 Цетиње.

„Пред да преминам на впечатоци, сакам да се заблагодарам на екипата на Ловќен за дочекот, иако натпреварот не се играше во Цетиње. Сепак, се е добро организирано. Нас ова ни е втор пораз, ние сме во глобала млада екипа, по составот, но и по годините на клубот. Имаше периоди на добра игра, имавме проблеми кога мораше да се браниме од Ловќен, каде доминираше Албијаниќ, а подоцна беше тешко да се брка резултатот. Тоа го правевме во два наврати, но останавме без високи играчи во завршницата. Мислам дека Ловќен е поуигран и поискусен тим и дека тоа беше пресудно за овој натпревар. – изјави Петар Чочороски, тренер на АВ Охрид.

„Најважно е тоа што победивме на овој натпревар на домашен терен. Немаме многу време, но ќе анализираме некои лоши работи кои ги одигравме. Главно, се насочуваме кон новиот натпревар, каде не чека тежок противник во Чачак. Тоа е навистина тежок терен.“ – изјави Драшко Албијаниќ, играч на Ловќен 1947 Цетиње.

„Ова за нас претставува ново натпреварување и искуство. Ловќен покажа дека е поквалитетна и поискусна екипа од нас. Ние сме млад тим и се надевам дека ќе се развиваме од натпревар во натпревар. Распоредот е многу напорен, но веруваме дека ќе бидеме подобри понатаму.“ – изјави Стефан Глигоријевиќ, играч на АВ Охрид.

WebOhrid