Мајка го заклучувала и малтретирала 34 годишниот син

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ѓ.(56) од Охрид.

Пријавената, во подолг временски период, во семејната куќа го вознемирувала, го заклучувала и не му дозволувала слободно движење низ заедничките семејни простории на нејзиниот син В.Ѓ (34). Таа му упатувала сериозни закани и ја загрозувала неговата сигурност со што му предизвикала чувство на страв и несигурност, го малтретирала оштетениот и му упатувала низа навредливи и заканителни зборови. Поради тоа, на сега оштетениот В.Ѓ. значително му се влошила здравствената состојба и често барал лекарска помош во Општа болница Охрид.