Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со претставници на Здружението на пензионирани работници од органите за внатрешни работи на Република Македонија-Скопје.
Министерот Спасовски и претставниците на Здружението на средбата разговараа за поднесената иницијатива од страна на Здружението за дополнување на законот за внатрешни работи. Се разменија идеи и размислувања за остварувања на правата од работните односи на членовите на здружението.