ОИК ги објави конечните резултати од Локалните избори во Охрид

Општинската изборна комисија Охрид денес на прес-конференција објави дека на Локалните избори 2017 одржани во неделата, на 15 октомври, за Градоначалник на општина Охрид е избран Јован Стојаноски од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

За членови на Совет на општина Охрид избрани се: Константин Георгиески, Живка Ангелоска, Мишел Силјаноски, Сашо Ставрески, Елеонора Куноска, Бесим Демиров, Џенгоз Реџеп, Марија Попоска, Филип Јованоски, Рената Арнаудова, Ристо Булоски, Кирил Пецаков, Гордана Коњановска, Снежана Стефаноска, Илија Арнаудоски, Гоце Георгиески, Лидија Петкоска, Александар Попоски, Славица Петровска, Џанер Исмаил, Дејан Шикоски, Нефи Усеини и Џемал Мена.

„Од името на Општинската изборна комисија на избраните им честитам и им посакувам успешна работа во наредните четири години.“- рече претседателот на ОИК, Димитрија Вревезоски.

Примопредавањето на мандатот за градоначалник ќе се изврши утре со почеток во 9:00 часот.

Во општина Охрид немаше ниту еден приговор, а доколку имаше приговори рече Вревезоски постапката ќе потраеше уште неколку дена.

„Советот, согласно Законот за локална самоуправа, треба да се конституира во рок од 20 дена. Досегашниот претседател на Советот треба да свика конститутивна седница, доколку не се свика во овој рок, најстариот свикува во нареден рок од 10 дена. Доколку и во тој рок не се одржи конститутивна седница се оди на нови избори за членови на Совет на општина Охрид.“– додаде Вревезоски.

WebOhrid