Унапредување на соработката со националниот координативен центар за гранично управување

Директорот на Царинската управаЃоко Танасоски, одржа состанок со Владимир Пивоваров, национален координатор на Националниот координативен центар за гранично управување (НКЦГУ), тело на Владата на Република Македонија задолжено за координација и соработка со институциите и телата кои имаат надлежност на државната граница.

На состанокот што се одржа денес (19.10.2017 година), во просториите на Царинска управа, присутните подетално се запознаа со идните планови за работа и развој на НКЦГУ и изразија подготвеност за спроведување на заложбите на ЕУ за целосно воспоставување на системот на координација и соработка помеѓу институциите надлежни за контрола и надзор на државната граница .

Претставниците од двете институции истакнаа дека интензивно ќе соработуваат на сите нивоа, со цел обезбедување на непречен проток на луѓе и стока преку границите на Република Македонија од една страна и спречување на секаков вид на организиран криминал и други нелегални активности со кои се нарушува мирот, безбедноста, легалната трговија, стабилноста, како и целосно функционирање на позитивните законски одредби.