Под мотото „Од децата- за децата“ во рамките на ОУТУ „Ванчо Питошески“ се спроведе хуманитарна акција за помош на децата од социјално најзагрозените семејства во општина Охрид, со што се одбележа „Недела на борба против гладта (16-22 октомври)“.
Целта беше да ја поттикне хуманоста кај младите и преку конкретни дела да се покаже солидарноста и грижата за нашите сограѓани и деца кои живеат во тешки социо- економски услови и секојдневно имаат проблеми како да се прехранат.
„Невидливи, стопени од сиромаштија стотина, илјада луѓе не знаат дали денес ќе јадат. Тажно е што деца, пензионери, напуштени и осамени денеска во Македонија ќе немаат ниту еден оброк, а зборот глад сe почесто се слуша во јавноста. Стотици граѓани со години имаат само еден топол оброк во народните кујни. По тој повод во нашето училиште беше апелирано на хуманост во рамките на можности да се донираат прехранбени продукти кои се со подолг рок на траење (конзервирана храна, тестенини, брашно, средства за лична хигиена). Во соработка со Црвен крст беа донирани на лицата кои имаат најголема потреба од нив.“– велат од ОУТУ „Ванчо Питошески“.