Заедничка вежба на Единицата за специјални задачи и на Одделот за заштита на определени личности и објекти- „ВИП-2017“

Денеска во касарната Илинден во Скопје се одржа заедничка вежба на Единицата за специјални задачи и на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министертвото за внатрешни работи насловена како – “ВИП-2017“. Целта на денешната вежба беше да се презентира заедничка реакција на Единицата за специјални задачи и Одделот за заштита на определени личности и објекти во ситуација кога има дирекно загрозување на безбедноста на одредена личност која е под заштита на Министерството за внатрешни работи.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на учесниците им додели плакети за успешно завршената вежба, а во изјавата за медиумите ја потенцираше нивната професионалност.

-Денеска се покажа професионалноста, ефикасноста и подготвеноста на Единицата за специјални задачи и на Одделот за заштита на определени личности и објекти. Можеме да бидеме задоволни од она што го презентираа македонските полицајци. Тоа дополнително не обврзува нас како раководство на МВР да им создаваме услови за работа, се со цел да имаме безбедни граѓани и безбедна држава-рече министерот Спасовски.

Спасовски потенцира дека државата мора да вложува во безбедноста односно во материјално технички средства и во човечки ресурси.

Министерството за внатрешни работи и во наредниот период ќе се фокусира на обуката и тренажниот процес за јакнење на институционалните капацитети, процес кој во изминатиот период беше запоставен, посебно на оние единици кои во дадена ситуација директно треба да се справуваат со вакви и слични предизвици.