Средба на градоначалникот Јован Стојаноски со Шеикот Ал Тани од Катар

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со Шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани од Катар кој е заинтересиран за инвестирање во туризмот во Охрид. На средбата на која присуствуваа и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, беа презентирани повеќе слободни локации за изградба на хотели во охридското подрачје.

По презентацијата за можностите за инвестирање, високиот гостин од Катар посети неколку од предложените локации и најави дека за скоро време ќе го извести градоначалникот Стојаноски за неговите конкретни намери за инвестирање.