По повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати честитка во која стои:
„ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерната борба. Овој ден не потсетува на решителноста и одлучноста и пожртвуваноста на нашиот народ во стремежот за слобода и за своја независна држава. Симбол на непокор, патриотизам и правда.
Денес им оддаваме почит на шесте великани кои ги удрија темелите на македонската револуционерна борба, кои преку Илинденското востание, а потоа и НОБ и 8 септември, израснаа до формирање независна Република Македонија. Нивниот пример го следат илјадници наши луѓе, кои несебично жртвувајќи се за идејата за слобода за Македонија.
Идејата и сонот за слобода на Македонија се пренесува од генерација на генерација. Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи-Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев се основоположници на идејата за слобода на Македонија.
Саможртвата и идеалите на борците за независна Македонија се должни за почит и од нас и од сите идни поколенија, но и аманет да продолжиме да го чествуваме нивното дело.
Сите понатамошни македонски револуции и народни востанија ќе почиваат на овој пример.
Нивниот пример треба да ни биде водилка за иднината. Ние имаме должност и аманет да продолжиме да ја чуваме, да се бориме и да работиме за оваа идеја, но и да ја пренесеме на идните генерации.
Сплотени продолжуваме напред!
Нека е вековита идејата на организацијата!
Нека е честит 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба!
Нека е вечна Македонија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.