Во Охрид одбележан 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Јован Стојаноски и делегации на политичките партии и невладините организации, по повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денес положија свежо цвеќе на спомен обележјата во Градскиот парк.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава.