Кривична пријава за стружанец кој упатувал закани кон полициски службеник

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Н. (40) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“ по член 144 став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

На 10.10.2017 година на ул. ,,15-Корпус“ во Струга, полициски службеник го предупредил М.Н. да го тргне погрешно паркираното возило, по што тој му упатил навреди и сериозни закани по животот. После тоа влегол во возилото и се одалечил од местото на настанот.