Извлечени четвртфиналните двојки од Купот на Македонија

Денес во „Куќата на фудбалот“ беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија. За влез во полуфиналето на Купот на Македонија ќе играат:

Пелистер – Победа

Ренова – Скопје

Тетекс – Академија Пандев

Шкупи/Вардар – Шкендија

Натпреварите ќе се играат на 8 и 29 ноември кога ќе се одигра и заостанатиот натпревар од осминафиналето меѓу Шкупи и Вардар. Победникот од тој натпревар ќе се соочи со Шкендија на 17 декември 2017 и 21 февруари 2018 година.

WebOhrid