Кривична пријава за „силување во обид“

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против А.М (21) од с.Калуѓерица, Радовиш, поради постоење на основано соменение дека пријавениот сторил три кривични дела “силување во обид“ по чл. 186 а во врска со член 19 од КЗ на РМ.

Имено, по пријавените кривично правни настани на подрачјето на Струмица каде од страна на непознат сторител во ноќните часови се вршеле кривичните дела “силување во обид“, СВР Струмица ги презеде сите неопходни мерки со цел идентификување и фаќање на сторителот.

Според документираните сознанија од истрагата сторителот во периодот од февруари годинава до крајот на овој месец, на подрачјето на Струмица, поточно на улиците “Максим Горки“, “Маршал Тито“, “Киро Абрашев“, “Ката Поцкова“ и други, најчесто во периодот од 19,00 до 23,00 часот, извршил повеќе кривични дела на начин што им приоѓал од зади на женски лица и потоа со едната рака ги фаќал за уста а со другата ги фаќал за гениталиите и градите, а по брзата реакција и барање помош од нападнатите веднаш се давал во бегство.

На 26-ти овој месец, околу 19,00 часот на ул. “Мити Хаџи Василев Јасмин“ во Струмица, во моментот на извршување на кривичното дело А.М. е фатен на лице место од страна на полициски службеник, по што веднаш е лишен од слобода и приведен во СВР Струмица. На предлог на Јавниот обвинител од Струмица, од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.