Несторовски со два голови го однесе Палермо на врвот од Серија Б

Илија Несторовски постигна два голови за Палермо и му донесе победа на неговиот клуб од 2:0 против Ентела.

Првиот гол Несторовски го постигна во 23 минута од пенал, додека пак вториот го постигна во 48 минута од слободен удар од над 20 метри. Во 87 минута од игра излезе Несторовски, а на негово место влезе Александар Трајковски.

Со оваа победа Палермо се искачи на врвот од Серија Б, додека пак Несторовски е втор на листата на стрелци со 8 постигнати голови.

WebOhrid