Расфрлани летоци за време на изборниот молк во Мислешево

Синоќа во 21:50 часот во с.Мислешево, струшко, поточно на неколку места до самиот пат и во близина на раскрсницата за селото, од страна на полициски службеници биле пронајдени расфрлени летоци со содржина за еден кандидат за градоначалник на Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.